Фудбал

Карапеев Андреј – млад фудбалер насочен кон врвни достигнувања

Во Баркод.мк имавме можност да добиеме неколку одговори од младиот и успешен фудбалер Карапеев Андреј, како и колку се исплаќа целата упорност може да видеме од неговите одговори. Според тоа нема големо достигнување без голема љубов и труд вложени кон она што го работиме.

Баркод.мк: Кажете ни накратко за себе си ? Кои се Вашите силни и слаби страни ?

Jас сум Карапеев Андреј роден на 03.07.1998 година во Прилеп. Основно образование завршив во ООУ “Рампо Левката” а потоа образованието го продолжив во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, спортска гимназија. Мои силни страни се: мотивираноста, упорноста, посветеноста, тимската работа и желбата за надигрување и победа. Мои слаби страни се е тоа што не можам да трпам неправди, лаги и несериозност.

Баркод.мк: Од кога се занимавате со фудбал ?

Со фудбал се занимавам уште од најмали години. На 7 годишна возраст за првпат се запишав во фудбалската школа Шампион и почнав да тренирам.

Баркод.мк: Каде настапувате, и на која позиција играте ?

Настапувам во младинската екипа на Ф.К. Победа на позицијата лево крило.

Баркод.мк: Кој беше мотивот да почните да се занимавате со фудбал ?

Мотивот беше огромен да се занимавам со фудбал. Мотивираноста од ден во ден се повеќе се зголемуваше како што напредував во натпреварувачките категории. Успесите кои што ги постигнав во пионери и кадети ми даваа се поголема мотивираност и желба за успех да се занимавам и понатаму со фудбал.

Баркод.мк: Кои се вашите фудбалски идоли и зошто ?

Имам еден фудбалски идол а тоа е Neymar. Неговиот начин на игра, техника и брзина ме воодушевуваат. Исто така играме на исти позиции па можеби тоа е причина плус.

Баркод.мк: Кои се вашите планови за во иднина ?

Моите планови за во иднина се да продолжам да се развивам како фудбалер и да работам и тренирам напорно, Своевремено имам играно за првиот тим и имам забележано еден настап. Сакам да ги бранам боите на Ф.К. Победа и да допринесам за доброто на клубот и фудбалот во Прилеп.

Баркод.мк: Во какви услови се тренира во ФК Победа ?

Генерално гледано условите за тренинг се добри и немам некоја забелешка. Работната атмосфера е одлична, а истото можам да го кажам и за соиграчите и луѓето од стручниот штаб.

Баркод.мк: Ваша порака до младите ?

Моја порака до младите би била да се занимаваат повеќе со спорт, било да е тоа само рекреативно или професионално. Спортот е убава работа каде што се развивате не само како спортист туку и како личност, стекнувате нови пријателства и добивате нови искуства.

Баркод.мк: Што би им препорачал на читателите на Баркод.мк ?

На читателите на Баркод.мк би им препорачал и понатаму да го читаат овај забавен сајт и да се информираат за најновите настани во градот.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ