Забава

Унгарски камионџија се обидел да прегази бегалци и сето тоа го снимил (ВИДЕО)

Откако унгарската камерманка, Петра Ласло во септември го ужасна светот сопнувајќи бегалци, јавноста повторно се шокираше. Овој пат, од еден унгарски возач на камион што, гневен на бегалците кои преку Кале се обидуваат да влезат во Велика Британија се обидел да ги прегази, а потоа снимката гордо ја објавил на Јутјуб.

На снимката прво се слуша како камионџијата зборува бесно возејќи бавно, а во почетокот на петтата минута забрзува и почнува да вози кон бегалците за да ги згази. Групата мигранти бега пред камионот, некои од нив му покажуваат среден прст на возачот, додека други го гаѓаат со чевли, што на Блискиот Исток е голема навреда. Еден ирачки новинар беше осуден на три години затвор, бидејќи со чевел го гаѓаше со чевел Џорџ Буш.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ