Фудбал

И ТОА ГО ИМА КАЈ НАС: Судија тепа фудбалер (ВИДЕО)

И тоа бидна во второлигашкиот македонски фудбал. Судија се впушти во физичка пресметка со фудбалер. Несаканиот инцидент се случи по завршувањето на дуелот од 16. коло меѓу Кожуф и Тетекс кој се играше во Миравци, а заврши со победа на тетовци од 0-1.

Незадоволен од делењето на правдата на мечот, по крајот на средбата, пред соблекувалните, фудбалерот на домашните Томче Јанев се впушти во вербална расправија со помошниот судија Кире Ангеловски. Не можејќи да ги слуша навредите, судијата Ангеловски го нападна и удри фудбалерот на Кожуф, притоа веднаш спречен, да не настане и поголем инцидент, од останатите судии на средбата и од фудбалерите на домашниот тим кој се најдоа во близина.

Во секој случај, несакан момент, по кој на ред е Дисциплинската комисија при ФФМ.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ