Фудбал

Грците повторно го извадија провокативниот транспарент!

За грчките навивачи очигледно не важат правилата. Откако 20 минути политичката провокација со транспарентот на кој пишуваше МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА И ТАА Е ТУКА стоеше на северната трибина и беше тргнат, сега тој повторно е актуелен.

Истиот транспарент подготвен само за овој натпревар на почетокот од вториот дел се појави пред најогнените навивачи на ПАОК на полуларниот „Гејт 4“. Делегатот на натпреварот Давид ДекДауел сигурно ќе го внесе во официјалниот записник, а се поставува прашање зошто по опомената натпреварот уште се игра. УЕФА има право да го прекине натпреварот заради истакнување на политички пароли, посебно по првото предупредување.

Неофицијално десетици „Комити“ се дел од малата група која го бодри Шалке 04 во Солун.

To Top