Фудбал

Дарко Крстески нов шеф на стручниот штаб на ФК ПОБЕДА

УО на ФК Победа на вчерашниот состанок донесе одлука за нов шеф на стручниот штаб да го назчани поранешниот играч и тренер на црвено-белите Дарко Крстески.

Клубот се заблагодари на досегашниот тренер Златко Петрески на неговата самопрегорна работа и му понуди да работи со младите категории во клубот. Крстески е познато фудбалско име .Играчката кариера ја почна и заврши во Победа, а настапувал за поранешниот европски и светски првак Црвена Звезда, Сутјеска, Борац Чачак, Флоријана Малта а најголем успех оствари со тимот на Фејс Али од Јордан, со кој во сезоната 2006-2007-ма го освои Азискиот шампионат.

По завршувањето на играчката кариера во Победа ја започна и тренерската кариера во која досега работел уште во црногорскиот прволигаш Челик од Никшиќ и либискиот Ал Итихад.

To Top