All for Joomla All for Webmasters
Фудбал

Даноски се врати од Чешка и потпиша за Победа

Крилниот напаѓач Зоран Даноски по 6 години минати во Чешка се враќа во Макеоднија и во пролетната полусезона ќе настапува за Победа, откако денеска овој фудбалер и официјално го стави потписот на договорот со прилепскиот прволигаш.

Со ангажманот на 27-годишниот Даноски тренерот на Победа Бубања добива квалитетен офанзивец и силен адут во напаѓачката формација на црвено-белите од која напролет се очекува далеку поголема ефикасност за разлика од есенската полусезона. Даноски во есенската полусезона настапуваше за Прибрам во чешката Втора лига, каде на 15 натпревари постигна четири гола. Овој фудбалер во кариерата настапуваше за Кожуф, од каде направи трансфер во чешки Мост, па во Прибрам. Исто така, како позајмен од овој чешки клуб настапуваше за скопски Металург, Тиквеш Кавадарци и хрватски Интер Запрешиќ. Даноски е шестото засилување на Победа за пролетниот дел во првенството. Прилепчани досега ги ангажираа: голманот Дарко Тофилоски, Иван Ивановиќ, Аљтин Лога, Никола Јаќимовиќ и младиот Благоја Спиркоски, а голема придобивка е останувањето во клубот на еден од најдобрите фудбалери Филип Најдовски.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВРВОТ