Македонската фаланга и на ова европско првенство доминира на трибините, кога нашите ракометари се на теренот, гледалиштето е црвено-жолто, тоа не остана незабележано од медиа тимот на ЕХФ. На официјалниот „јутјуб“ профил на европското првенство, утринава се појави видеото со наслов „Македонците навиваат за нивниот тим“.