Иако важат за едно од најлутите ривали на трибините, навивачите на Пелистер, популарните Чкембари направија неверојатен гест.
По инцидентот на трибините на навивачите на Вардар, скопските Комити, токму Чкембарите биле првите кои пристигнале во болница каде што биле скопјани и им однеле вода и храна. Информациите ги потврдуваат и од двата навивачки табори.
Очигледно е дека несреќните случаи ги зближуваат навивачите до тој степен да го заборават огромното ривалство меѓу себе и да си помогнат кога си требаат еден на друг. Меѓу навивачите оваа информација е пречекана со восхит.