All for Joomla All for Webmasters
Фудбал

Англискиот фудбалски судија Хауард Веб стави крај на својата кариера

Хауард Веб (43) го напушта активното судење и ја презема должноста на технички директор на Англиското здружение на судии.


„Беа тоа прекрасни 25 години на теренот. Можам да кажам дека долго ги имав најдобрите места на стадионот за уживање во фудбалот, а се надевам дека барем малку придонесов за квалитетот на таа божествена игра“, рече Веб во својот проштален говор. Веб го судеше финалето на Светското првенство во 2010 година, судеше на вкупно девет најголеми натпреварувања под закрила на УЕФА и ФИФА, а е прв судија што судел на финалето на СП и Лигата на шампионите во иста година. Во англиската Премиер лига има судено на преку 500 натпревари.

ВРВОТ