Barkod.mk имаше ексклузивна можност да добие неколку одговори од младиот и успешен фајтер Кристијан Воденски, како и колку се исплаќа целата упорност може да видеме од неговите одговори. Според него нема големо достигнување без голема љубов и труд вложени кон она што го работиме.
За успесите на Кико нема што друго да се зборува се знае, освои се што може да се освои, во продолжение може да видете како Кико одговори на нашите прашања.
Баркод.мк: Кажете ни накратко за Вас, кој те воведе во рингот и каков беше првиот впечаток кога влезе во рингот ?
Татко ми беше прв што ме вовлече во рингот и чувството беше неопишливо мора да се почувствува.
Баркод.мк: Во кој клуб си и кој тренер/тренери ти помагаат во тренажниот процес ?
Тренирам во ММА Спринт Франфуркт со повеќекратни врвни тренери, ама мој личен тренер е мојот татко.
Баркод.мк: Титулите и медалите ни сам не можеш да ги изброиш. Која од нив ти оставила особен впечаток ?
Најомилени титули ми се нага појасите нив ги имам 5.
Баркод.мк: Дали имаш некаков специфичен хранителен режим ?
Ништо посебно јадам се што ми е слатко.
Баркод.мк: Во која/и категории се натпреваруваш ?
Се натпреварувам во категорија до 26кг. и 13 години.
Баркод.мк: “Најдобар млад спортист за 2015 – Германија”. Кажете ни повеќе за тоа ?
Исто како и ланската година и оваа година ме радува што сум избран за спортист на 2015 година, покрај сите борби ги имав оваа титула дојде како круна на моите успеси, многу сум среќен.
Баркод.мк: Кои се твоите идоли од светските имиња ?
Ги имам повеќе во зависност од тоа во кој од моите спортови тренира како на пример Мирко Кро-Коп и Конар mk Грегор кој е најдобар затоа што психички ги победува противниците.
Баркод.мк: Кои спортови ги тренираш и се натпреваруваш ?
Се натпреварувам во бразилско џиу џицу, борење, кик бокс и бокс.
Баркод.мк: Кои се следни натпреварувања на кој се фокурираш ?
Најпрво во Февруари републичко првенство во борење и бокс, а за понатаму ќе бидете дополнително известени.
Баркод.мк: Што би им препорачал на твоите врсници ?
Сите мои врсници што имаат можност да тренираат нека го прават тоа 100% и успехот е неизбежен.