Музика

Запросување на концертот на AMADEUS BEND во Прилеп

Вчера вечер на градскиот прилепски базен, прилепчани уживаа во настапот и песните на феноменалните дечки од “Амадеус Бенд”. Прекрасна вечер која ќе се памети до долго ни приредија момците од Амадеус Бенд.

Бендот својот настап го започна со “Моја земја”, а веднаш потоа продолжија со старо-новите песни “Ти си та”, “Лажу те”, “100 посто”, “Није свеједно” и многу други песни како од нивниот репертоар, така и останатите српски поп и фолк пејачи.

Но,сигурно некој повеќе и вечно ќе го памети овој концерт. Имено, Горан Гелов реши на уникатен начин да и ја побара раката на својата сакана Цветанка Ѓурова, која што го кажа судбоносното “ДА“. Горан запросувањето го направи во моментот кога АМАДЕУС БЕНД ја изведуваше “Ако мене питате”.

Тимот на Баркод.мк им посакува многу здравје и среќа во животот.



Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ