Музика

Прилепчанецот Ален Хасановиќ ќе пее на „Ѕвездите на Гранд“

Младото момче кое со својот извонреден глас ја воодушеви јавноста во првата сезона на проектот за зачувување и афирмација на македонската забавна музика „Сите наши песни“ во реализација на МРТВ, а потоа продолжи со промоција на нова песна и се закити со победа на годинешниот реномиран фестивал „Канео Фест 2014“, ќе го гледаме во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

„Ѕвездите на Гранд“ од оваа година станува регионално шоу, а гледачите можат да го следат и преку домашните телевизии.

Од најавата која оди на регионалните телевизии, можеме да видиме дека завесата се крева пред Ален Хасановиќ, но не се открива дали нашиот атрактивен пејач го освоил жирито и дали тие му ја дале својата доверба, или не успеал да собере 6 ѕвезди за да се пласира понатаму во баражот и да се бори со своите колеги.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ