Музика

Даниел Кајмакоски со хуманитарен концерт во Прилеп (ФОТО)

Во салата на домот на Културата „ Марко Цепенков “ во Прилеп, Даниел Кајмакоски одржа предновогодишен хуманитарен концерт посветен на децата од С.О.С. Детското село, како и на своите фанови.

Публиката имаше можност да ги слушне неговите радиски хитови, како и некои светски хитови како што се Angel на Robbie Williams, Sex on fire на Kings of lion, Counting stars на One republic и многу други песни кои беа отпеани со публиката. Концертот е дел од трите предвидени промотивни настани за Ладна Џуси соковите за кое Даниел Кајмакоски е и заштитно лице.

Покрај промоцијата на Ладна Џуси соковите за време на трите предвидени концерти каде Даниел Кајмакоски настапува се има за цел и подигање на свесноста кај граѓаните за важноста од зачувување на еколошката средина. За таа цел публиката наместо да купува карти беше потребно да понесат со себе три шишиња празни на соковите Ладна Џуси.

На наредните два концерти кои што ќе се случуваат во Куманово и Скопје фановите на Кајмакоски ќе можат да донират книги и детски играчки се со цел запазување на хуманитарната нота на предвидените концерти.

ИЗВОР: ТРИАГОЛНИКМК 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ