Свет

Експлозија на аеродром во Инстанбул: Двајца повредени, можно е да е терористички напад

Две лица се повредени во експлозија на аеродромот “Сабина Гокчен” во Инстанбул, соопшти утрово авиокомпанијата Пегаз, наведувајќи дека овој инцидент не го загрози редовното полетување и слетување на авиони.

Експлозијата се случила во два часот по полноќ во делот каде што се паркирани авионите, и во тој момент се повредени две лица кои биле задолжени за чистење на авионите, пренесува Ројтерс. Еден од нив се здобил со тешки повреди на главата, пренесува агенцијата DHA.

Засега не е позната причината за експлозијата, после која полицијата го засили обезбедувањето на влезот на аеродромот, полицијата ги проверуваше возилата во близина на аеродромот, додека хелихоптер го надлетуваше тоа подрачје.

Но, локалните медиуми пренесуваат дека можно е да станува збор за терористички напад, додавајќи дека експлозијата се случила во авионот кој се наоѓал на платформата недалеку од аеродромската зграда.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ