Македонија

Кучето кое искаса десетина луѓе во Аеродром ќе биде усмртенo

За кучето, ротвајлер, веќе е донесена одлука да се усмрти. Ова куче било домашно, па напуштено, а сѐ уште не е пронајден сопственикот.

Од претпријатието Комунална хигиена апелираат доколку некој забележи агресивно куче веднаш да пријави кај нив за нивните екипи да излезат на терен и да го уловат. Инцидентот со кучето во скопската населба Аеродром предизвика масовно фрлање на отров по скопските улици за да ги усмртат кучињата скитници. Отровот најмногу се остава по парковите и игралиштата каде може лесно да дојде и до децата.

Поставувањето на отров е кривично дело и за таквиот чин се одговара пред законот. Веќе се отруени десетина кучиња и уште повеќе мачки. Од МВР пак велат дека работат на расчистување на овие случаи.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top