Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во работата на Собранието

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска потврдија дека нема да учествуваат во парламентарните тела и заседанија посочувајќи дека во ситуација кога шестмина нивни колеги се во притвор нема соодветни услови за тие да партиципираат во работата на Собранието.

– Во моментов СДСМ е владејачко мнозинство и тие имаат должност да ги обезбедат сите услови за непречено функционирање на Парламентот. Сметам дека во овој момент кога 12 отсто од нашата пратеничка група односно шест пратеници се во притвор нема соодветни услови за ние соодветно да партиципираме во работата на Парламентот, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски одговарајќи на прашање дали ќе учествуваат на утрешната расправа за законот за јазици за кој имаат поднесено осумдесетина амандмани.

Манојловски кажа дека според нивните неофицијални информации пратеникот Крсто Мукоски, кој е во притвор, веќе една недела штрајкува со глад и неговата состојба не е добра и оти за ова и за кршењето на човековите права на лицата засегнати во настаните од 27 април ги информирале претставниците на меѓународната заедница со кои имале средба деновиве.

ПОВЕЌЕ НА РЕПУБЛИКА

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ