Музика

Концертите на Даниел Кајмакоски започнуваат од Прилеп

Долго очекувавме концер на Даниел Кајмакоски кој минатата година беше победник на најголемото шоу на балканот X Factor Adria. Сега Кајмакоски е заштитно лице на соковите Juicy. Даниел спонзориран од Juicy организира караван со концерти во Прилеп, Куманово и Скопје.

Караванот ќе започне од градот Прилеп кој ќе се одржи во вторник (22.12.2015).Влезници за овој концерт не ви се потребни но за да остварите влез потребно е да приложите три празни шишенца од Juicy на самиот влез. Концертот започнува во 20:00 часот во сите три општини. Се што ви преостанува е да не го заборавите овој настан и да присуствувате на неверојатната забава која што ја најавуваат Кајмакоски и Juicy. Локации на кои ќе се одржува концертот :

  • Прилеп- Дом на култура „Марко Цепенков“ -22.12.2015 (вторник) 20:00 часот
  • Куманово- Центар на култура „Трајко Прокопиев“ (театар) -24.12.2015 (четврток) 20:00 часот
  • Скопје- Дом на АРМ -29.12.2015 (вторник) 20:00 часот

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ