Фудбал

Барселона ја „збриша“ Ривер плејт (ВИДЕО)

Немаше дилеми дека „волшебниците“ од Каталонија ќе ја задржат доминацијата на Европа во клупскиот фудбал на денешното финале во Јокохама и така бидна. Барселона славеше против Ривер плејт со 3-0 лесно и убедливо, почнувајќи го танцот до титулата уште во првото полувреме.

Меси ја отвори ревијата во 34. минута, со еден сомнителен гол, во чие креирање имаше и играње со рака, сепак на полувреме важеше 1-0 за Барса. Во вториот дел Луис Суарес стапи на сцена со два гола, но откако имаше одлични асистенции и во двете ситуации. Прво Бускетс му сервираше топка во контра за 2-0 по четири минути во вториот дел, а потоа во 68. минута Нејмар му „намести“ на глава за 3-0.

 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ