Музика

Ана Николиќ направила хаос на “Александар Велики”

Ана Николиќ направила хаос на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Имено, пејачката, која неодамна гостуваше во Прилеп во ноќниот клуб Calypso, по настапот имала утрински лет за Белград, но бидејќи се успала, не успеала да стаса навреме за да го фати авионот.


Целата во паника пејачката свртела кај неколку пријатели во Скопје, кои успеале да го запрат авионот кој бил пред полетување, пишува Вечер. „Ана и брат и Марко се успале бидејќи имале напорна ноќ зад себе. Кога се разбудиле и виделе колку е часот, се испаничиле и веднаш му се јавиле на сопственикот на дискотеката во која пеела, а тој во рок од десет минути им пратил возач за да ги однесе од Прилеп до Скопје.

Бидејќи немало никаков начин да се стаса навреме, пејачката го зела телефонот во рака и им свртела на неколку блиски пријатели, кои ги замолила да и помогнат. Тие веднаш успеале да интервенираат и дури го спречиле и полетувањето на авионот, кој извесен период полн со патници ја чекал само пејачката“, открил извор близок на Ана и додал дека таа се брзала толку многу бидејќи истиот ден морала да отпатува за Грција на одмор, па поради тоа не можела да го почека другиот лет.

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top