Музика

Ален Хасановиќ го сними новиот прв видео запис

Пред колегите, новинарите и најблиските пријатели кои дојдоа да ја проследат неговата промоцијата, младиот пејач Ален Хасановиќ го промовираше својот најнов видео запис кој е во режија на Зати Продукција.

[quote align=”center” color=”#999999″]Морам да признаам дека сум презадоволен како помина промоцијата. Сакам да искажам голема благодарност до сите медиуми и пријатели кои ме испочитуваа и дојдоа на мојата промоција во Скопје. Во песната вложивме многу труд и искрено се надевам дека публиката ќе ја прифати и ќе се пронајде во неа. Јас сум комплетен автор на песната и навистина ми е многу мило што пред пошироката јавност го презентирав своето прво дело. Официјалниот видео запис за српската верзија на песната го работеше Зати Продукција од Охрид, видеото излезе супер и јас сум презадоволен, но и сигурен дека и понатаму ќе соработувам со истата, веќе проверена екипа, изјави Ален Хасановиќ.[/quote]

Комплетен автор на песната е самиот Ален Хасановиќ. Во продолжение погледнете како изгледа неговиот прв видео запис.

Погледнете како изгледа и македонската верзија насловена „Кога сфатив“.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ