Деновиве Прилеп владее вистинска еуфорија од добра скара и пиво и високо квалитетна музика. Освен убавите работи кои што се случуваат деновиве во Прилеп на овогодинешното издание на “Пивофест”, вчеравечер се случи еден мал инцидент во кој што беше повреден пејачот Младен Бодалац на познатата рок група “Прљаво Казалиште”.
Како и секој професионалец, така и тој, го продолжи настапот како ништо да не се случило и се упати кон публиката пеејќи ги своите големи хитови. Но имајќи ги впредвид годините и падот кој се случи, од страна на организаторот беше повикана Брзата помош кои секогаш навремено ја завршуваат својата задача.
Тие во бекстејџот го прегледаа пејачот, а потоа и му ја преврзаа левата рака со што по кратка пауза додека свиреше групата, тој повторно се врати на сцената и го продолжи својот концерт.