Прилепскиот прволигаш за ден-два ќе ангажира засилување на дефицитарната централна напаѓачка позиција. Нов член на Победа ќе биде црномурестиот Киријан Нвабуезе, кој има американски пасош а роден во Нигерија. Нвабуезе треба да биде играчот од кој многу ќе се очекува во голгетерска смисла посебно поради проблемите на стартот на првенството со казната од 4 меча на Гешоски и неизвесноста за должината на паузата по повредата на младиот Жоглев.
Нвабуезе има настапувано во САД, за екипата на Лос Анџелес Мишионерс, во 3 екипи од шампионатот на Ерменија: Банантс, Арарат Ереван, и тимот на Ширак, со кој го освоил купот во сезоната 206/2017. Последен клуб е словенечка Горица, каде за една полусезона на 9 меча постигнал 5 гола.