Победата на Црвена звезда од 1-0 во дуелот со Келн за пласман во нок-аут фазата од Лига Европа е засенета од веста дека еден навивач за време на натпреварот починал од срцев удар.
Србија ќе има и втор преставник во шеснаесетфиналето од Лига Европа, откако по Партизан и Црвена звезда вечерва обезбеди учество во нок-аут фазата. На „Маракана“, Црвена звезда со 1-0 го совлада Келн за голема радост, но славјето е засенето од веста дека еден домашен фан за време на натпреварот починал од срцев удар.
На навивачот му се слошило, веднаш интервенирале лекарските екипи и почнале со реанимација, а за кратко време тој бил пренесен и во болница. Сепак, докторите не можеле да сторат ништо и само ја констатирале неговата смрт.