Навивач на Вардар настрада на гостувањето во Битола, откако украде шок-бомба од полицаец на трибините и ја активира. Од експлозијата тој ја загуби раката до подлактицата, а уште неколкумина навивачи на гостите од Скопје заработија сериозни повреди.
Попладнево се играше вечното македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар, кое за жал повторно мина во тензична атмосфера со сериозни инциденти. Експлозијата беше заглушувачка, а се случи во самиот финиш на дуелот што го доби Вардар со 1-0. Веднаш реагираа медицинските лица и со возило на брза помош неколку навивачи на Вардар беа пренесени во болница. Натпреварот беше во прекин десетина минути, а потоа се доигра само една минута од судиското продолжение.
Повеќе детали и фотографии од инцидентот kurir.mk најави за подоцна
ИЗВОР: ZaSe.mk