Младиот Рафиња Алкантара вчера предвреме го заврши натпреварот со Рома откако беше доста остро соборен од Наинголан, а ова утро шпанските медиуми ја пренесоа информацијата дека снимките од магнетната резонанца ги потврдиле најлошите прогнози на лекарскиот тим на Барселона.
Младиот крилен напаѓач на каталонскиот гигант мина само четири минути на теренот пред да се пожали на силни болки во коленото, а дека неговата повреда не изгледа воопшто добро соопшти и Луис Енрике веднаш по завршувањето на вчерашниот натпревар во Рим. Резултатите од направените прегледи покажале дека Рафиња ги има оштетено предните вкрстени лигаменти на коленото, повреда која единствено може да се санира со хируршки зафат и за која минималниот период за рехабилитација изнесува шест месеци.