Фудбал

Бомба од Шпанија – Педро се сели, но не во Јунајтед!

Додека траеше сапуницата на релација Педро – Манчестер Јунајтед, од Стемфорд Бриџ експресно реагираа и го ’украдоа’ Шпанецот. Како што јавува добро информираниот RAC1, Барселона и Челзи постигнаа договор за премин на Педро Родригез во редовите на англискиот шампион.

Каталонците би требало да добијат 28 милиони евра, плус 2 како бонуси. Исто така се наведува дека Педро веќе отпатувал во Лондон за да ги изврши медицинските прегледи и конечно да го напушти Каталонскиот гигант, каде немаше загарантирано место во првата постава. Така, после Фабрегас, уште еден лик од славната генерација на Барса се сели под водство на Мурињо.

Педро ги има поминато сите младински категории на Барселона, а дебито за првиот тим го имаше во 2008 година. За Барселона тој има одиграно 318 натпревари, на кои постигнал 98 голови. Со каталонскиот гигант пет пати бил шпански, а трипати европски шампион, а уште има освоено и четири титули во Суперкупот, три во Купот на Кралот и три на Светското првенство за клубови. Со фудбалската репрезентација на Шпанија има светска и европска титула, а на 51 натпревар постигнал 16 голови.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ