Љубов и секс

Засекогаш, те сакам!

Убаво е да видиш двајца млади прегрнати во паркот,а од нивните очи зрачи љубов. Таа висока девојка со бистри очи, а тој грчки бог со убава црна коса и црн тен.Се чини дека и двајцата изгледаат боженствено. Да, тоа беа Сара и Игор. Иако имаа само по 17 години нивната љубов не е новост.


Еден ден Игор го сврти добро познатиот телефонски број, од другата страна се слушна:

-Ало? Добар ден тетка Елена. Може ли да ја добијам Сара?

-Ох, секако Игор (Сара те бараат на телефон)!

-Здраво, Игор.

-Здраво, Сара како си?

-Па, да речиме добро.

-Слушај, имам нешто важно да ти соопштам биди на нашата клупа како и по обичајво исто време.

-Што е тоа важно ме интересира секако ќе дојдам.

-Добро Сара, сега морам да исклучам чао, те сакам!

-Чао Игор и јас тебе.

Ете веќе е 20 часот, а Сара стои пред нивната клупа,чудно е тоа што каснењето не е негов обичај. Но, ете конечно пристигна. Откако се поздравија и двајцата седнаа на клупата, а тој почна да зборува:

-Знаеш тешко ми е да ти кажам но морам. Јас и ти мора да се разделиме имам друга!

Ова беше шок за Сара. Го погледна изусти низ заби едно „ЧАО“ , седна на соседната клупа и почна да плаче. Зарем по 5 години искрена љубов тој може да има друга зар може тоа да ми го направи. По неколку минути Игор се доближи до Сара и ја запраша:

-Зарем помисли дека имам друга кога те имам само тебеи единствено тебе те сакам? Само се шегував. Те викнав за да ти кажам дека со моите ќе одам во Америка ќе останам 5 години. Вети ми дека нема да ме заборавиш и ќе ми пишуваш.

Игор веќе замина, а Сара постепено го забораваше. Љубов преку писма не бидува, Сара веќе одамна не му пишуваше на Игор, а и неговите писма не ги читаше веќе имаше нов дечко и седеа на истата клупа исто како со Игор.

Еден ден стигна писмо, а Сара го отвори. Нешто ја натера да го стори тоа. При крајот на писмото пишуваше:

„Во сабота на утро се враќам. Ако сакаш да се видиме во 20 часот на нашата стара клупа и не заборавај ТЕ САКАМ.“

Тогаш почувствува дека го сака и дека сеуште не го заборавила . Сабота наутро на креветот лежи Сара со пресечени вени од кои обилно тече крв, очите матни, срцето не чука. До неа весник отворен на 13 страна и со црвена линија заокружен делот:

„Авионот кој требаше да се вратиод Шведска со нашите работници и нивните семејства непосредно во близина на скопскиот аеродром во 04:15 мин се урна. Преживеани нема“

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ