Љубов и секс

Те чекам на нашето место!

Те чекам,љубов. Ќе те чекам да се вратиш на местото од каде што замина. Ќе те чекам да се јавиш, да пишеш.

И да, ќе бидам тука во малото градче на нашето место. На местото каде што секој ден споделувавме убави зборови. На местото каде што посакувавме да останеме уште, а времето тоа не секогаш го дозволуваше. Времето што го поминувам во твоите прегратки, прелетува многу брзо,сега секоја минута помината без тебе станува неподнослива, а времето како да застанало.

Си поминав навистина добро и убаво вчера,знаеш? Често пати се засрамував,но што можам кога сум таква?! Сакам да го поминувам времево со тебе. Не сакам да одиш. Имам толку многу нешта за кои би сакала да зборуваме. Имам толку многу љубов и прегратки да ти дадам. Го чувствуваш ли сето тоа?

И да, човече, колку те сакам, обожавам кога ми кажуваш колку ме сакаш и кога ме учиш како би требало да ми личи како девојка од 18 години. Обожавам кога учам од тебе и кога ме заштитуваш, имаш право ти си ми среќа. Џокер во лото. Ми недостигаш.

Незаменливи се тие моменти кога ме бакнуваш во чело, ме гушкаш силно, ме смируваш, ме галиш по косата и бакнуваш, со тебе се смеам како мало дете, ја чувствувам твојата љубов, нема поубаво од тоа. Ти си ми се!! Само што замина, а веќе ми фалиш…

Сакам да заврши што побрзо ова и да не си одиш повеќе. Се надевам дека деновиве ќе поминат брзо, па да се вратиш тука блиску до мене.. И уште нешто, НЕ ЗАБОРАВАЈ ДЕКА ЈАС СУМ ТУКА И ТЕ ЧЕКАМ НА НАШЕТО МЕСТО!

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ