Разгледувајќи го светот и околината која не опкружува, сваќаме дека се почесто на жените кои се сами луѓето обично гледаат чудно и со сожалување, додека мажите кои не се во врска се гледаат како заводници кои се уште не сакаат да се смират.
Повеќето од женската популација статусот „сингл“ го сваќаат како да е некаков недостаток и се преокупираат со многу прашања како: „Дали сеуште сум сингл?“ , „Што не е во ред со мене?“, „Како да најдам момче?“, „Зошто неможам да најдам некој по моја мерка?!“
.Размислувајќи сепак летото е поволен период за шетање, дружење и забава со вашиот сакан, но сепак и ако сте го задржале статусот сингл незначи дека нема да ви биде опуштено и идеално ова лето. Организирајте прекрасен одмор на кој вие и вашето друштво ќе уживате иако сте без партнер направете си свое незаборавно лето за паметење.
Бидете опуштени уживајте подолго време на плажа, исто така и задржувањето во ноќен клуб нема да нема да биде никаков проблем,флертувањето е неограничено.Кога сте сами со вашето друштво имате иста цел да направите „ДОБРА ЗАБАВА“,но тука се и авантурите кои нетреба да се изостават.
Новите запознавања со други личности,посетување различни места и др. Доколку сте сингл ова лето ќе ви фалат само сладоледот,ладното пиво и добра лимонада.