Љубов и секс

Љубов! Секој пат исто..

Темна соба, тивка музика, тажна насмевка и надеж. Да, секој пат кога ме оставаш тоа е моја слика. Врне ситен дожд, магливо време. Декември е и студено е. Надвор нема никој. Темно е

. Единственото нешто што го посакувам е да си тука и повеќе да не те пуштам од себе да одиш далеку од мене. Ми влезе под кожа, за кратко време успеа да ми влезеш под кожа како што не успеал никој друг. Веќе ми фалиш! Нормално ли е? Нормално ли е по цел ден да сум со тебе и пак да не ми е доста? И сега сфаќам дека кога сум до тебе сите околу се небитни, ги снемува, исчезнуваат. Момент кога срцето само што не ти излетало од градите, целата се тресам, но не од ладно, туку од трема. Момент кога се појавуваш ме смирува, со тебе лебдам, и додека лебдам сфаќаш некои работи. Сакам да знаеш дека се додека не те сретнав тебе безгрижно си уживав со моите другарки и ми беше најважно од сè моето семејство. Бев добро и примерно девојче. Тогаш те сретнав тебе и пораснав. Повеќе не сум она мало девојче кое стои пред големата врата на животот прашувајќи се што има зад неа. Одамна веќе знам дека зборот живот не значи само среќа и радост, туку и бол и солзи. Тоа го научив од тебе и затоа сакам да ти се заблагодарам. И знаеш ми стана смислата на мојот живот и да, веќе си дел од мене. И секој пат е исто, секој пат ист е сјајот во моите очи кога те гледам.Те чекам со нетрпение секој пат. Кога доаѓаш ми се буди онаа иста насмевка на лицето и вреди, вреди да те чекам. Ќе ме прашаат: Зарем не ти се смачи се некого да чекаш да дојди? Нека зборуваат и нека прашуваат, знаеш нив и да им кажиш нема да разберат затоа што не чувствуваат исто како јас. Посебен си и различен од сите.Знаеш да ме направиш среќна во секој момент кога си до мене, ме тераш да се почувствувам дека сум неизмерно сакана и што уште не. Некои работи не се опишуваат едноставно се доживуваат би рекла. Ти благодарам што постоиш ти прекрасен човеку кој стана смислата на мојот живот.А секој пат кога те снемува на недела две, знај, тука сум ти јас и твоја сум те сакам исто како и првиот ден. И знаеш некогаш утехата ја наоѓам во пишувањето, тоа ми е хоби, така ми поминуваат деновите чекајќи да се вратиш кај мене.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ