YouTube манија

Интервју со македонскиот јутубер – Бобан Бошевски

Во Barkod.mk имавне чест да добиеме одговор на неколку прашања околу гејмингот, стриминг и како македонските јутубери ја користат платформата на YouTube.

Barkod.mk: Здраво најнапред благодариме за интервјуто и добредојдовте во Barkod.mk. Кажете ни за себе. Кој е Бобан Бошевски ?

Јас сум Бобан Бошевски имам 13 години. Учам во основното училиште “Коле Канински” во Битола. Воедно одам во музичкото училиште во Битола каде што свирам на клавир кај професорот Александар Грујовски.

Barkod.mk: Од каде желбата да се посветиш кон YouTube ?

Желбата да се посветам кон YouTube дојде со тоа што поддршката на видеата што ги правам се зголемува. Секако гледам секое видео да е се подобро и подобро.

Barkod.mk: Според тебе колку е развиен YouTube во Македонија, а колку на балканот ?

YouTube во Македонија не е долго време присутен. Со текот на времето станува многу поразвиен и поразвиен, за скоро време публиката многу ќе се зголеми.

Barkod.mk: Дали според тебе Македонските јутубери се уникатни ?

Во Македонија има доста квалитетни јутубери. Секој Македонски јутубер е уникатен на свој начин.

Barkod.mk: Кој се највлијателни Македонски Јутубери ?

Во Македонија едни од највлијателните Јутубери се: BobiBeatbox, GP, Winncoot, BamBo, Dionatic… Секако има многу други јутубери што имаат доста придонесено за оваа заедница. 

Barkod.mk: Кој јутубер ти беше идол за да започнеш ?

Започнав да снимам сосема случајно. Кога започнав незнаев јутубери, но со текот на времето запознав многу со кој комуницирам многу често. Многу ми е мило што запознав такви јутубери.

Barkod.mk: Знаеме дека добро може да се заработи од YouTube, но за тоа е потребно време и макотрпна работа. Колку Бобан заработува на месечно ниво ?

Заработката од јутуб стварно постои. Моментално на оваа бројка што сум јас заработката е минимална. Потребно е уште време за таа заработка да се зголеми.

Barkod.mk: Што би им препорачале на читателите на Barkod.mk ?

Би им препорачал да продолжат да го следат овај портал бидејки е одличен. 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ