Изградбата на втората болница за заболени од коронавирус е завршена денеска во градот Вухан. Според кинеските медиуми, болницата денеска веќе работи.
„Болницата Лејшеншан, уште еден новоизграден објект специјално дизајниран за лекување на пациенти заразени од коронавирус, официјално е отворена денеска.
Има 1.600 кревети и вработува околу 2.000 медицински персонал“, објави кинескиот државен весник Глобал Медиа на Твитер.
Пред една недела, првата кинеска болница за пациенти заразени од коронавирус се отвори во близина на Вухан. За два дена, работниците и волонтерите работеа на реновирање на испразнетата зграда во здравствена установа во која има 1.000 кревети.