Балкан / Регион

Ја прободел сопругата во срцето пред својата ќерка, па крвав влегол во станицата на МУП…

Зоран С. (46) е уапсен под сомнение дека се обидел да ја убие сопругата Драганa С. (41), по расправија во нивниот дом.

„Уапси ме, ја прободев сопругата!“, Зоран С. (46) од селото Нови Сип кај Кладово, извикал вчера утро, откако целиот крвав сè појавил во полициска станица и признал дека се обидел да ја убие сопругата Драганa С. (41).

Службениците веднаш му ставиле лисици на рацете на Зоран С. и му одредиле притвор до 48 часа, а патролата отишла во неговиот дом на улицата Маршал Тито, каде што ја пронашле Драгана во несвест и локва крв.

Целата драма во домот на Зоран, се одвивала пред очите на малолетната ќерка.

Во куќата била и поголемата ќерка со својот дечко, кој практично скокнал врз Зоран и успеал да го совлада со што го спасил и животот на Драгана.

Што била причината за ваквиот настан сеуште не е позната, но се шпекулира дека станува збор за љубомора.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ