Свет

Првите пациенти излечени од корона вирусот

корона вирусот

Кинеските провинции и општини денес објавија дека повеќе пациенти кои се заразени со новиот корона вирусот закрепнале и ги напуштиле болницата.

Четири пациентки кои биле заразени со корона вирусот од источната кинеска провинција Џангси закрепнале и ја напуштиле болницата денес.

Џанг Веи, експерт од провинцискиот штаб за итни случаи и превенции и контрола на епидемијата во Џангси, изјавил дека врз основа на анализите за лечење на пациетите за закрепнување од истата клучно е раното откривање на болеста и навремено лечење на истата.

Јужнозападната кинеска провинција Сечуан известила дека првио пациент од таа провинција закрепнал денес, а боледувал од воспаление на белите дробови предизвикано од корона вирусот.

Селуанската провинциска управа за традиционална кинеска медицина соопштила дека пациентот Јанг Ли (34) бил лечен во болницата во градот Ченгд на 11-ти јануари, пренесува Курир.рс

корона вирусот

Совети од кинеските доктори

„Бидете со своите дома барем две седмици во самоизолација, а со нас во болницата контактирајте преку ви-чет каде што може да поставите било какво прашање“ – вели Су Јинг, директор на болницата за инфективни болести во покраината Анху.

Поради страв од епидемијата исто така одложено е Светското првенство во атлетика во салата во која што требало да се оддржи во месец март.

Компанијата „Икеа“ и „Google“ ги затвориле своите канцеларии и претставништва во Кина.

Светските авио компании и понатаму го ограничуваат сообраќајот во Кина, а меѓу последните кои го направија тоа се „Air Frans“.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top