Околу 400 луѓе денес се евакуирани од железничката станица “Киев” во центарот на Москва, после анонимниот телефонски повик дека има поставено бомба. Како што потврдиа од РИА и безбедносните служби во русија извршена е проверка и притоа евакуирани се 400 луѓе.
Истовремено анонимен пријавил дека на железничката станица во Санкт Петерзбург исто така е поставена бомба. Поради анонимните пријави последните денови се евакуираат скоро сите железнички станици, но за среќа истите се лажни.