Руската федерација со чуден пост на социјалната мрежа Твитер откако пратениците изгласаа почеток на промени на уставот со кои Република Македонија ќе стане Северна Македонија.
,,#Русија ја призна Република #Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува”, пишува на официјалниот Твитер профил на руската амбасада во Скопје.
Премиерот Заев, западни експерти и политичари како и претставници на МВР пред неколку месеци предупредија дека руски граѓани сакале да го спречат договорот од Преспа, а рускиот тајкун Савидис кој живее во Солун финансирал навивачи да предизвикаат насилство на протести против договорот.
#Русија ја призна Република #Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува. pic.twitter.com/fnOuropGEu
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) October 20, 2018
