Свет

Болницата со 1000 кревети во Кина е изградена (ВИДЕО)

болницата со 1000 кревети

Властите на кинескиот град Вухан ја изградија болницата со 1000 кревети за третман на пациенти заболении од коронавирусот.

Градоначалникот на Вухан, Џоу Сијанванг, утрово ја предаде новата болница Хушеншан на војската, каде 1.400 здравствени работници уште утре ќе почнат да работат, пренесе Си-ен-ен.

Според кинеските медиуми, новата болница е монтажна, има квадратен облик и може да се изгради за шест дена.

Се гради уште една болница-Леишеншен и таа ќе биде отворена на 5 февруари, а двете нови болници заедно ќе имаат вкупно 2.600 кревети.

Како што се наведува, тоа не е првпат во Кина да се градат болници во краток временски период, како што беше во 2003 година, кога изби епидемијата на САРС, беше изградена болница за шест дена и седум ноќи.

Властите во Кина си го одржаа ветувањето и успеаа да ја изградат болницата со 1000 кревети.

ИЗВОР: Makfax.mk

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top