Протестите во Скопје мирно траеја и најпосле завршија со мали инциденти.Протестите коишто започнаа поради случајот „Монструм“ ненајавени почнаа од старото место Чаирчанка и Јаја Паша џамијата.
Неколку илјади демонстранти коишто поминаа покрај Бит Пазар на патот кон судот застанаа на булеварот каде имаше полициски кордони кои го блокираа булеварот. Исто така и сите улици кај судот, Бит Пазар и Мавровка беа блокирани. Полицијата стоеше и ги истрпе провокациите на демонстрантите.
Исто така беа предвидени и протести пред владата , но за среќа ништо не се случи.
Најголемиот дел од демонстрантите мирно си заминаа, но една група од десетици млади и агресивни лица, маскирани со маици по лицата фрлаа со камења и гранки и се обидоа да тргнат кон кордонот.Потоа малку по малку почнаа да се оддалечуваат од кордонот, а на крај почнаа и самите да се туркаат меѓу себе. Се заврши мирно без повредени и судири околу 15 часот.