Како што пренесува 24.мк, полицаец е застрелан во Велес, во близина на црквата „Свети Спас“.
Според информациите до кои дојде ТВ24, денеска полицаец и негова колешка биле во контрола кај црквата по пријава дека жители на ромската населба Рамина континуирано вршат грабежи на чанти од верниците кои доаѓаат во црквата.
Информациите се дека настанала мешаница меѓу полицајците и еден од, наводно, осомничените за грабеж, по што насилникот успеал да го одземе пиштолот на полицаецот и со него да испука 5 куршуми во службеното лице.
Повеќе на 24.мк