Јас ќе бидам премиер на владата на Република Северна Македонија кога ќе се случат Уставните промени и нивната имлементација како што е опишана во Договорот, истакна премиерот Зоран Заев во емисијата „Само Вистина“.
Исто така тој рече дека сите државни институции, според договорт ќе ја додадат придавката „Северна“ во своето име. Како пример, тој го посочи Министерството за здравство на Република Македонија кое ќе биде преименувано во Министерство за здравство на Република Северна Македонија.
Исто така името на Македонската академија на науките ќе се преименува во академија на науките на Северна Македонија, како и името на Македонската радио телевизија ќе биде телевизија на Северна Македонија, изјави Зоран Заев.
ИЗВОР: РЕПУБЛИКА