All for Joomla All for Webmasters
Македонија

Сопственикот на опожареното кафуле во Прилеп: Човекот кој ми го запали кафулето претходно ми бараше рекет (ВИДЕО)

Сопственикот на опожареното кафуле „Галери хаус паб“ во изјава за медиумите тврди дека лицето кое му го запалило кафулето претходни му се јавило, се виделе и од него побарало рекет. На прес конференцијата, сопственикот го откри и името на рекетарот, кој се викал Коколе, а зад кого наводно стоеле важни луѓе.

Во меѓу време полицијата трага по непознато лице кое ноќеста подметна пожар во кој целосно изгоре кафулето, „Галери хаус паб“ во строгиот центар на Прилеп. Според Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР Битола полицијата работи на расчистување на случајот.

– Полицијата и прилепскито јавно обвинителство прават увид на местото на големиот пожар во центарот на Прилеп во кој изгоре кафулето „Галери хаус паб“. Се трага по непознатото лице кои со запалива течност го подметнал пожарот. Прво, стихијата ја зафатила надворешната метална конструкција, а потоа огнот се проширил на приот и вториот кат. Екипи составени од полицијата, јавното обвинителство и стручни лица се уште прават увид на местото на пожарот, вели Миленкоска.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВРВОТ