Како што пренесува ЛИДЕР, општинската изборна комисија од Чаир без никакво образложение отстранува членови на избирачките одбори на местата за гласање, дознава Лидер од извори на избирачките места.
-На избирачкото место 2903 кое се наоѓа во основното училите Иднина во Чаир, дојдоа претставници на ОИК и без никакво образложение го отстранија претседателот на избирачкиот одбор. – јавува набљудувач од лице место.
Како што дознаваме, ваквата пракса се применувала и на други избирачки места во Чаир, но засега немаме потврдена информација за тоа.