Македонија

Шокантни сознанија објавени во емисијата „Во Центар“: Целта на прислушувањето е промена на името (ВИДЕО)

Агентот Силвер има добиено на задача од структурите на МИ6 да ја прислушкува работата и структурата на СДСМ бидејќи таму треба да биде реализирана операција на менување на раководството.

Тоа значело дека треба на чело на структурата да биде донесен човек кој ќе биде задолжен да го смени името на Република Македонија, вели во синоќешната емисија „Во Центар“ новинарот Васко Ефтов.

-Бројка од 90 отсто од тие прислушкувани разговори кои се сместени на тие 180 хард дискови всушност се прислушкувани разговори кои се однесуваат на состојбите внатре во СДСМ. Само 10 отсто од прислушкуваните разговори отпаѓаат на прислушкувани разговори кои се однесуваат на членови на Владата на Никола Груевски и луѓе од неговото најтесно опкружување, вели Ефтов.

Ефтов додава дека ова се должи на тоа што Агентот Силвер има добиено на задача од структурите на МИ6 да ја прислушкува работата и структурата на СДСМ бидејќи таму треба да биде реализирана операција на менување на раководството.

– Тоа значело дека треба на чело на структурата да биде донесен човек кој ќе биде задолжен да го смени името на Република Македонија. Притоа не треба да заборавиме дека во ингеренции на британската дипломатија се сите отворени спорови на светската политичка сцена-Кипарското прашање, Макеоднското прашање, прашањето на Фолкландите, прашањето на Гибралтар , значи сите отворени политички дипломатски прашања, всушност се во ингеренции на решавање на британската дипломатија .

Од тие причини структурите на МИ6 преку својот агент господинот Силвер или агентот Силвер влегуваат во операција на прислушкување во Република Македонија, влегуваат во операција на промена во врвот на СДСМ и влегуваат во операција на приспособување на СДСМ за борба до финално истребување со партијата ВМРО ДПМНЕ кое треба да резултира со политички промени, а подоцна со промени на Уставот и промена на името на државата, вели Ефтов.

Ефтов додава дека прислушкувани се и снимени се разговори кои се сместени на 180 хард дискови. Станува збор за енормно количество на снимени телефонски разговори сместени на 180 хард дискови.

-Секој кој се разбира во компјутерска техника ќе ви каже дека снимени разговори на 180 хард дискови всушност значат огромно количество на снимени телефонски разговори. Целата операција се спроведува во период од 2010 до 2014 година кога во Република Македонија е набавена израелската опрема. Постојат два системи –Главниот оперативен систем и резервниот оперативен систем.

Всушност во структурите на МВР во рамки на министерството за внатрешни работи на Република Македонија не постои можност во оперативниот систем да се внесува УСБ или одредени стикови и на тој начин да се преснимуваат дел од снимените телефонски разговори туку тоа се прави на еден многу едноставен начин. Не се користи главниот оперативен систем, туку се користи резервниот систем кој всушност треба да биде одредена бекап или резервна варијанта, ако не функционира главниот оперативен систем, вели Ефтов.

 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ