Хеликоптерот неколку минути неконтролирано кружеше над антената. Изгледаше како да има некаков проблем. Од мојот балкон убаво се гледаше. Дури потоа дојде до ударот во антената и падот на хеликоптерот.
Ова е изјавата на Александар Манев, еден од очевидците на оваа голема несреќа. Дадена за репортерот на порталот Струмицанет. Вечерва во 22,08 часот падна полициски хеликоптер во близина на Струмица. Се претпоставува дека има четворица загинати.
ИЗВОР: MKD.mk