Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје го раководи увидот на лице место во скопската населба Аеродром, каде попладнево беше убиен фудбалерот Мартин Јанушев.
Дежурниот јавен обвинител издаде повеќе насоки и наредби за преземање на потребни дејствија, меѓу кои за прибавување на податоци, обезбедување на траги од лице место и за обдукција на починатото лице. Во соработка со Министерството за внатрешни работи, јавното обвинителство интензивно постапува во насока на расветлување на кривично правниот настан и откривање на сторителот на кривичното дело.