На иницијатива на локалната самоуправа од Општина Кривогаштани, на 130 жители односно пензионери и граѓани кои спаѓаат во социјално ранливите категории, денеска им беа доделени автобуски карти со кои ќе можат бесплатно да патуваат до Прилеп и околните места.
Разгледувајќи ги ситуациите на ранливите семејства во Кривогаштани, Локалната самоуправа реши да им додели бесплатни карти на некои од пензионерите и ранливите семејства при што со доделувањето на овие карти граѓаните ќе можат да патуваат бесплатно во Прилеп и во околните места. Овој проект ке трае до крајот на 2014 година, но Општината најавува и нови проекти кои во најскоро време треба да започнат да се реализираат, а се наменети да им ги олеснат условите за живот на жителите од Кривогаштани.