Македонија

Мухиќ: Бришењето „македонски“ од институциите е трикот со кој се укинува македонскиот национален идетитет

Мухиќ

Независниот пратеник од владејачкото мнозинство, Ферид Мухиќ, во дебатната емисија „Само Вистина“ ги потврди ставовите за тоа зошто договорот со Грција, кој беше поддржан од останатото валдејачко мнозинство во Собранието, значи уништување за македонскиот идентитет и нацијата.

Мухиќ посочи точки во Договорот кои носат кон бришење на македонската нација. Како што самиот и кажа, со тргање на „македонска“ од името на највисоките национални институции како што се МАНУ и Македонскиот народен тетатрар, е чист доказ дека македонската нација веќе не постои.

-Со ова Македонија свесно се обврзува да ја укине својата национална институција, таа од највисок ранг, МАНУ, но и Македонскиот народен театар. Што пречи тука? Народен – не пречи. Театар – не пречи. Што пречи? Македонски, но зошто? Затоа што македонски посочува кон нација, а нема нација. Не можеш да имаш национален театар, затоа што не постои нација. Можеш да имаш народен театар на Северна Македонија и тоа не го забележувате, а тоа е експлицитен доказ дека со ова се укинува етнички и културен идентитет на Македонците како нација а со тоа на сите други. Дефакто нема ни Албанци, ни Турци, ни Бошњаци, ни Роми.  Веќе со ова сите се само граѓани на Сверна Република Македонија, истакна Мухиќ.

Тој со ова ги негираше  ставовите на Владата кои велат дека со овој Договор се зацврснува македонскиот национален идентитет. Мухиќ вели дека бришењето на „македонски“ од институциите е трикот со кој во Договорот се негира македонскиот национален идентитет.

Мухиќ појасни дека сите академии на науките и уметностите се национални, како што е српската, хрватската, бугарската, француската и така натаму. Мухиќ рече дека со овој договор Македонија губи национална академија, а тоа е еден голем преседан.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ