All for Joomla All for Webmasters
Македонија

Изгоре до темел кафич во центарот на Прилеп: Штетата е над 200.000 евра

Според Станко Колески, командир на прилепската противпожарна единица, повикот за огнената стихија го примиле во 3:33 часот и веднаш интервенирале. Станувало збор за голема, опасна стихија во строгиот центар на градот која можело да се прошири на повеќе соседни објекти.

Штетите се огромни и првично се проценуваат на преку 200.000 евра. – Пожарот прво почнал од покриената настрешница на кафулето, па се проширила на целиот објект. Дури беа зафатени и соседните објекти, од едната страна менувачница, а од другата аптека. Кафулето е пеплосано.

Увид направи полицијата за да се утврдат причините за овој голем пожар. За 25 минути пожарот беше ставен под контрола и за неполн час беше изгаснат. Интервенитравме со две возсила и четворица пожарникари, изјави Станкоски. При настанувањето на пожарот објектот бил празен, но било ангажирано обезбедување. Неофицијално, постојат сомнежи дека пожарот можеби бил подметнат.

 

ВРВОТ