Македонија

Издадена потерница по третиот осомничен убиец на Саздо

Третоосомничениот за убиството на Никола Саздовски-Саздо, на 29 јуни на автобуска постојка во скопска Автокоманда, од денеска ќе биде баран и од Интерпол.

По 19 годишниот Јетон Љужа,  е издадена меѓународна потерница за дело – убиство извршено на свиреп начин. Неговата фотографија со лични податоци денеска беше поставена на сајтот на МВР.

„Извори од истрагата брифираат дека од 30 јуни Љуза до сега бил баран на неколклу локации во Скопје, дознава 24 вести.

Другите двајца осомничени, Скендер Д(19) и Бесир Б.(20) се во притвор и се очекува уште еднаш наредната недела да бидат однесени на распит во обвинителството.

Според вештачењата Никола Саздовски бил претепан со голи раце, без употреба на предмети. Мотивите допрва треба да бидат објавени.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ