Полициски хеликоптер вечерва падна и се сруши во близина на кванташкиот пазар во Струмица, дознава Баркод. Причините за несреќата се сеуште непознати, исто така не се знае и бројот на загинататите патници. Сеуште нема официјални информации за штетата каде што паднал хеликоптерот и дали има повредени граѓани.
Неофицијално дознавме дека се извлечени 4 тела од него. Во моментов противпожарните екипи се на терен и гаснат огнот,а исто така има и голем број на медицински персонал.